Кои сме ние
Контакт
+389 78 314 137
Александар Гоцев и Стојан Топалов се сопственици на семејната фирма „Васил слат“, која се наоѓа во струмичкото село Вељуса. Во компанијата произведувамe домашни традиционални колачи и сме посветени на производство на исклучително квалитетни продукти со почит кон традицијата.
Приказната ја започнуваме во 1994 година, кога ја отворивме малата работилница за производство на рачни домашни кори за пита и баклава. Идејата беше вештините на нашите родители во приготвувањето на традиционалните македонски рецепти да ги преточат во мал семеен бизнис.
На почетокот бевме присутни само на пазарите во Струмичкиот Регион, а подоцна, постепено прераснавме во мала компанија за производство на домашни традиционални колачи и почнавме да ги освојуваме домашните синџири маркети, но и странските. Денес, соработуваме со поголеми маркети во Македонија како Кит-го, Кам, Стокомак, Веро, Тера, Футура, Метро, Дијана и со други помали маркети. Извезуваме на косовскиот пазар, Германија, САД, Шведска, Австралија.
Галерија
Нашиот погон
Секое парче што ја напушта нашата работилница е доказ за нашата посветеност на извонредноста. Користиме најсовремени решенија за изработка и пакување, според сите важечки стандарди во нашата индустрија.
Сакате да дознаете повеќе
Адреса
Вељуса 238, 2400 Струмица
Северна Македонија
Телефон
+389 78 314 137
info@vasilslat.mk